Мешков Брест стигнаа до својата прва победа во Лигата на шампионите на ЕХФ оваа сезона, откако во драматичен финиш со 33:32 победија кај Елверум, додека Флензбург доживеа „потоп“ на гостувањето во Украина, губејќи со 31:22 од Мотор Запорожје.
Мешков беа последниот клуб кој немаше победа оваа сезона, откако во минатото коло загубија кај ППД Загреб, и во меч полн со пресврти успеаја да се вратат од три гола негатива (31:28) на осум минути пред крајот на мечот, пред Иван Мацкевич да постигне гол во последните секунди за победа.
Во единствениот меч од групата Б денеска, Мотор Запорожје стигнаа до убедлива 31:22 победа над бундеслигашот Флензбург, правејќи ја клучната разлика во фантастичното второ полувреме.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Елверум – Мешков Брест 32:33 (15:17)
Алборг – Пик Сегед 20.45 ч.
Монпелје – ППД Загреб 20.45 ч.
ГРУПА Б
Мотор Запорожје – Флензбург 31:22 (15:14)