Top Sport

Агњешка Радванска во дилема, дали „да го закачи рекетот“ или да ја продолжи борбата?

Полската тенисерка, Агњешка Радванска (29) е во голема дилема дали да се прости од тенисот поради долгиот период со незгодната повреда на стопалото, па не може да ги прикаже партиите за кои е способна.

„Проблемот не може да биде решен хируршки, не постои решение за него. Болката на стапалото е иста, и со патики, и со штикли. Стапалото на левата нога од трчањето ми е уништено, не може да издржи. Имам грчеви сред ноќ, не помагаат ни инекции. Чекам нови лекарски испитувања, следната недела ќе се знае кога ќе се вратам на теренот, и дали воопшто ќе се вратам“ – изјави разочараната тенисерка.

Радванска во моментов е на 75. место на ВТА-листата.

Scroll to Top