Top Sport

Металург потклекна пред „мечките“ и во Скопје 32-37

Нов, шести пораз за скопски Металург во ракометната Европа лига во седмиот натпревар. Овојпат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ од рускиот тим Чеховски Медведи, по 60 минути игра – 32:37.

За „мечките“ од Русија ова беше втор триумф против Металург откако пред две недели на домашен терен ги преслушаа „металурзите“ со 40-27.

Гостите имаа контрола резултатот и играта во текот на целиот меч.

Кај Металург најпрецизен беше босанскиот репрезентативец Тарабокија со 9 гола, го следеа Митиќ со 7 и Калуѓеровиќ со 5 гола.

Кај Чеховски Медведи прв стрелец беше Осташенко со 6 гола.

Металург кој сезонава мака мачи со повредени и заразени ракометари (Kovid 19) за три дена гостува кај Аон Фиверс, единствениот тим во групата А од кого тимот од Автокоманда зема еден бод, во Скопје беше 33-33.
Фото:РК Металург

Scroll to Top