Металург забележа уште еден, четврти по ред пораз во Лигата на шампионите, откако на незгодното гостување во Данска загуби од тимот на Бјеринбро/Силкеборг со 33:25 (16:14), останувајќи на дното на групата Ц.
Повторно, тимот на Данило Брестовац имаше сили за само едно солидно прво полувреме, во кое имаше водство од два гола, по што следуваше лоша низа пред крајот на полувремето и на почетокот на првото за комбинираниот тим од двата дански града да поведесо 24:17. Во тој момент црвен картон доби и тренерот на Металург, Брестовац поради реакција кон официјалните лица.
Хрватот Халил Јагањац имаше 10 голови и беше најдобар стрелец на Металург.