Top Sport

Металург се врати на поразите во ЛШ, Спортинг триумфално во Скопје

По победата над Чеховски медведи, надежите во Металург беа дека Спортинг е вистинска шанса за втор триумф во Лигата на шампионите, но португалскиот шампион се покажа пресилен во Скопје и си замина со 24:31 (18:17) победа.

Момците на Данило Брестовац одиграа борбено прво полувреме, во кое дури имаа и +3 позитива, но како многупати оваа сезона, во второто полувреме следуваше падот во играта кој гостите го искористија и поведоа со 21:24, по што немаше „враќање“ за македонскиот вице-шампион.

Димитар Димитриовски со пет гола беше најефикасен за Металург, додека Марио Танкоски додаде четири гола, а за гостите по пет гола имаа Карлос Руесга и Педро Валдез.

Со победата, Спортинг се искачи на второто место во групата Ц со идентични 10 поени како првопласираниот Бјерингбо/Силкеборг, додека Металург останува на последното шесто место со 2 поени, два помалку од Бешикташ и Чеховски медведи.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО 

Динамо Букурешт – Адемар Леон 35:30 (18:15)

Металург – Спортинг Лисабон 24:31 (18:17)

Scroll to Top