Top Sport

Михајловски: РК Вардар ќе продолжи да егзистира и пак ќе брка титули

Поранешниот европски ракометен првак и актуелниот освојувач на двојната круна, Вардар, ќе го задржи тимот од минатата сезона, ќе јуриша на титулите во Македонија и ќе настапува во СЕХА лигата.

„Вардар ќе игра во македонските натпреварувања и ќе ги брка титулите, исто како и во СЕХА лигата. За нас шокантно дојде одлуката на ЕХФ да не играме во Лигата на шампионите следната сезона, но Европејците се крути во некои одлуки и ние не можеме да ги разбереме. Морам да напоменам дека Вардар ќе продолжи да опстојува, ќе го задржиме целиот тим од минатата сезона, треба да одржам разговори уште со Дибиров и со Томовски, со оглед дека не беа во Македонија во изминатиот период“, изјави претседателот Михајло Михајловски.

Со оглед на возраста, има 75 години, тој најави оставка, но не во овој момент, туку дури откако ќе се најдат неговите наследници за да продолжи клубот мирно да егзистира.

„Имам 75 години, не ги кажувам многу често, и би сакал да најавам мојата оставка, но не во овој момент. Сакам да најдеме стабилни спонзори кои ќа ја продолжат традицијата на РК Вардар, да остане македонски спортски бренд и во иднина. Доставивме барање до 37 компании да влезат како спонзори во клубот, се повикуваме малку и на македонштината“, изјави Михајло Михајловски на денешната прес – конференција.

Scroll to Top