Top Sport

Колорадо е освојувач на Стенли куп

Колорадо е новиот шампион во најсилната хокеарска лига во светот, НХЛ лигата во САД. Во големото финале Колорадо со 4:2 во победи славеше над Тампа Беј и го освои престижниот Стенли куп.

Во шестиот меч, кој се одигра во Тампа, домаќините водеа со 1:0 по првата третина, но во вторите 20 минути, гостите од Колорадо постигнаа два гола за пресврт и предност од 2:1.

Во последната третина, Колорадо одлично се одбрани и ја сочува предноста од 2:1 до крајот.

Колорадо аваланш бил НХЛ шампион само уште во 1996 и во 2001 година.

Scroll to Top