Голманот на Вардар, Дејан Милосављев и десното крило на Металург, Мице Шилегов, со своите потези се најдоа меѓу оние што го обележаа колото во Лигата на шампионите.
Вардар го победи Кјелце 28:27, Милосављев мечот го заврши со 11 одбрани, а една од нив влезе во Топ 5 одбрани на колото.
Најдобрите пет одбрани може да ги погледнете на овој Линк.
Металург во Словачка, со пораз од Татран Прешов (30:24) го заврши учеството во Лигата на шампионите оваа сезона.
Дуелот с о Татран го обележа „сувиот лист“ на Шилегов, кој според ЕХФ заслужи да се најде во Топ 5 голови на ова коло.
Најдобрите пет гола може да ги погледнете на овој Линк.