Top Sport

Миркуловски оптимист пред Романија: Да се простиме со Кире Лазаров на дуелите против Чешка

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) ја пречекува селецијата на Романија во првиот бараж за место на СП 2023 година. Противникот е добро познат ривал за нашиот национален тим, преку кој обезбедија пласман на мундијалот во 2018 година.

Искусниот Филип Миркуловски и селекторот и играч Кире Лазаров, ќе бидат во составот на Македонија, а нивната желба е да одиграат двомеч и против Чешка, селекцијата која во финалниот бараж го очекува победникот од дуелот меѓу Македонија и Романија.

„Романија е релативно познат противник за нас, игравме бараж за СП во 2018 година. Се работи за непријатен ривал, можеби и најтешкиот во оваа фаза, но свесни сме дека сме фаворити во овој двомеч. Очекувам два тешки натпревари, а денешниот пред нашите гледачи е најважниот. Сакаме да обезбедиме доволна предност реваншот во Букурешт. Добро е што конечно ќе имаме поддршка од полна сала и се надевам дека ќе одиме и на Чешка, дуели по кои јас и Кире Лазаров би се простиле од националниот тим“, изјави Филип Миркуловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија е закажан за вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Познат е и составот на Македонија. Селекторот Кире Лазаров надвор од ростерот за овој меч ги остави Мартин Серафимов, Ненад Костески, Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ и Игор Ѓорѓиев.

Scroll to Top