Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за реванш натпреварот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство. По ремито (24:24) во Злин, македонските ракометари в недела ќе треба да победат барем минимално за да обезбедат мундијалска виза.
За искусниот среден бек Филип Миркуловски тоа ќе биде последниот натпревар во дресот на националниот тим.
„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата на Македонија, ќе биде емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме хепиенд и дека ќе се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.