Никола Митревски, најдобриот голман во португалскиот шампионат, наскоро би можел да и се приклучи на репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство во Словачка и Унгарија.
Митревски, беше позитивен на тестирањето на 10.јануари. Поради позитивниот тест, тој остана во Скопје. Во изминатите два дена, Митревски, направил три антигенски и еден ПЦР тест, резултатите од тестовите биле негативни.
За да ис се приклучи на репрезентацијата во Деберецин, Митревски треба да добие уште еден негативен ПЦР тест. Потоа ќе и се приклучи на репрезентацијата во Дебрецин.
Сепак, според протоколите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), тој ќе ги пропушти првите два натпревари, вечерашниот против Словенија и за два дена против Црна Гора.
Митревски би можел да застане на голот на последните меч со Данска, на 17.јануари.