Младите македонски ракометари одиграа уште еден одличен меч и триумфира над Австрија со 29:22. По ова, ќе разигруваат за пласман од деветтото до 12. место на Светското првенство во Хрватска за ракометари до 19 години.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ прикажаа квалитет и веќе на полувреме имаа сериозна предност од шест гола (14:8).
Австријците во еден момент намалија на четири негатива, но Македонија се крена повторно во вистински момент и на крајот оствари заслужен триумф.