Европскиот шампион Вардар го доби Монпелје џа противник во полу-финалето на завршниот турнир во Келн. Завршниот турнир ќе се одржи на 26. и 27.мај.
Вардар, до нов пласман на завршниот турнир, стигна по дрматичниот четврт-финален двомеч со Кил. Натпреварот во Германија Вардар го реши со 29:28, со голот на Македа во последната секунда, а во реваншот во Скопје, Кил победи 28:27.
Монпелје низ историјата освоил 14 шампионски и 12 Куп титули во Франција, а најголемиот успех го има постигнато во сезоната 2002/03 кога ја освои Лигата на шампионите. Од тој состав се уште во тимот е клупската легенда Мишел Гигу.
Лидерот во првенството на Франција, во претходните две рунди ги елиминира фаворизираните Барселона и Фленсбург.
Втората полу-финална двојка ја формираа Нант и ПСЖ.
Нант, успеа да оствари голем успех и да го избори своето прво учество на завршниот турнир. Дресот на Нант, од оваа сеозна, го носи Кире Лазаров. Капитенот на Македонија е единствениот во историјата на ракометот што со четири различни тима изборил пласман на завршниот турнир.
Нант, во првата фаза, играше во групата во која беше Вардар и успеа на европскиот првак да му го нанесе еден од двата порази во Групата-А. На 25.февруари Нант го победи Вардар 27:26. Натпреварот во Скопје заврши си триумф на Вардар 27:23.
Нант на патот до Келн ги порази Мешков Брест во осмина-финалето и Скјерн во четврт-финалето.
ПСЖ, најбогатиот клуб во светот на ракометот. Лани потклекна пред Вардар, во финалето црвено-црните со голот на Иван Чупиќ во последната секунда победија 24:23. ПСЖ е четиркратен шампион на Франција и трикратен освојувач на Купот.
До третото последовно учество на завршните турнири, ПСЖ дојде откако го освои првото место во Групата-Б, а потоа во четврт-иналето го декласира полскиот шампион Кјлеце.