Живко Мукаетов има апсолутна поддршка од сите клубови и ракометни здруженија за нов мандат за претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Поддршката за Мукаетов доаѓа во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи во недела во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Писмена поддршка Мукаетов добил од сите колективи Мукаетов е на чело на РФМ од 2013 година. Во недела, тој ќе ја добие довербата да ја предводи РФМ до 2025 година.