Top Sport

На Металург му избега првата победа во Европската лига

Металург имаше импресивен камбек во второто полувреме, но на крајот одигра само 33:33 против австрискиот Аон Фајверс за да им избега победата во третиот меч во Европската лига на ЕХФ.

Неверојатниот Ерик Дамбек им даде седум гола на Металург во првите 15 минути од мечот, за гостите да отидат на полувреме со предност од 19:16, но Металург,предводени од Мартин Серафимов и Златко Хорват успеаја да направат пресврт и да дојдат во водство во второто полувреме од 28:25 на десетина минути пред крајот. Сепак, на крајот двата тима ќе се задоволат само со поен.

Серафимов и Хорват завршија со 7 гола, Бранко Канкараш даде 6 за Металург, додека за Фајверс, Дамбек имаше дури 11 постигнати голови.

Фото/Видео: ЕХФ

Scroll to Top