Top Sport

Најдобрите светски ракометари во бунт за помалку натпревари (видео)

Најдобрите светски ракометари ја интензивираа кампањата за намалување на бројот на натпревари во текот на сезоната, бунтувајќи се против „дивјачкиот“ и „нехуманиот“ распоред.

Покрај клупските обврски, со натпреварите во домашните лиги и европските купови, во европскиот ракомет има барем едно големо натпреварување годишно (Европско или Светско првенство), а понекогаш и две, ако е олимписка година.

Асоцијацијата на европски ракометари (ЕХПУ) објави видео во кое дел од најголемите ѕвезди бараат повеќе одмор со хештег #DontPlaythePlayers (не се играјте со играчите). Целите се едноставни.

 

View this post on Instagram

 

Out & Loud #dontplaytheplayers ????

A post shared by Mayssa Pessoa (@mayssa84pessoa) on

– Повеќе денови одмор за време на интернационалните шампионати и олимписките квалификации (каде што има по 3 меча во 3 дена).

– Фајнал фор во Лигата на шампионите наместо 2 на три дена (полуфиналиња во петок, финалиња во недела).

– Вклученост на ракометарите во одлуките на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).

– Состанок со претседателите на ИХФ и ЕХФ за ситуацијата.

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа веднаш објави дека работат со ЕХФ на подобрување на календарот, откако за време на СП во Германија и Данска во јануари се согласија на продолжување на деновите во кои се оддржува СП и ЕП за да има повеќе одмор

Scroll to Top