Top Sport

Најмоќните екипи во Хрватска „покажаа заби“ (видео)

Актуелните шампиони Германија, Шпанија и Данска покажаа зошто се фаворити за титулата на Европското првенство во ракомет во Хрватска со доминантни победи во своите први мечеви.

Германците, кои се во групата со Македонија, ја „растурија“ Црна Гора со 32:19, Шпанците го забележаа најголемиот триумф на едно ЕП, доминирајќи против Чесите за 32:15 победа, додека олимписките шампиони Данска, ја совладаа Унгарија со 32:25, „кршејќи“ го отпорот во последните 20 минути пред илјадници унгарски навивачи во Вараждин.

Германија против Црна Гора направи низа од 9:1 за да поведе со 13:3 во финишот на првото полувреме, по што сè беше јасно. Уве Генсехајмер имаше 9 гола од 10 удари, а Паул Друкс додаде пет за актуелните шампиони.

Шпанците пак, со одлична одбрана ги „задушија“ Чесите, а од другата страна со брза игра во ниту еден момент не потклекнаа. Валеро Ривера, Раул Ентрериос и Феран Соле имаа по пет гола за победата.

Данска пак, ја совлада Унгарија во последната третина од мечот и покрај тоа што Микел Хансен (кој постигна шест гола) беше исфрлен по третото исклучување од две минути. До тој момент, Унгарците беа израмнети со Данците, но силата се покажа во финишот. Расмус Лауге ја презеде улогата на Хансен и на крајот заврши со седум гола.

ГРУПА Ц
Германија – Црна Гора 32:19
Македонија – Словенија 25:24

ГРУПА Д
Шпанија – Чешка 32:15
Данска – Унгарија 32:25
Scroll to Top