Македонската и европска ракометна легенда Кире Лазаров вечерва го одигра последниот натпревар пред публиката во Нант во триумфот од 32:18 против Тулуз во 30. коло. Тој беше поздравен со овации, а не пропушти да постигне три погодоци, од кои еден на спектакуларен начин, со цепелин, и да го заокружи фантастичниот меч.
Македонецот седна на специјално подготвен престол со круна на главата, а круни имаа и фановите на трибините.
Кире Лазаров ќе има уште еден настап во дресот на Нант кој ќе биде последен во неговата кариера, а тоа е финалето во Купот на Франција против ПСЖ кое ќе се игра в сабота.
? Près de 6000 personnes debout, couronnes sur la tête, pour ovationner le #KingKiril.
Grandiose.#WeHfamily | #PeupleViolet pic.twitter.com/K5g2kdysRV
— HBCNantes (@HBCNantes) June 8, 2022