Top Sport

Не размислува за пензија – Лазаров ќе го продолжи договорот со Нант

Кирил Лазаров, селектор на македонската ракометна репрезентација, нема намера да се пензионира. „Лекип“, објави дека, Лазаров со цел да ѝ помогне на репрезентација на Европското првенство во 2022 година, ќе игра и наредната сезона.

Лазаров, наскоро треба да потпише, нов едногодишен договор со Нант. Десниот бек, во Нант дојде во 2017 година од Барселона. Претходно во кариерата играл за Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Ал Сад, Сиудад Реал и Барселона.

Нант, вечерва, ќе го одигра осмина-финалниот реванш против Кјелце во Лигата на шампионите. Предност од еден гол по првиот меч има екипата од Полска.

„Лекип“, пишува дека Лазаров на овој натпревар ќе ја надмине бројката од 250 натпревари во елитното натпреварување.

Scroll to Top