Top Sport

Нексе со победа над Металург, Јагањац со два гола против поранешниот тим (видео)

Нексе од Нашице му го нанесе 10-тиот пораз на Металург во 12. коло од регионалната СЕХА лига од 26:23 (12:10) во која првпат во својата кариера Халил Јагањац се соочи со својот поранешен клуб.

Освен на почетокот на мечот, кога македонскиот клуб водеше со 1:2, Нексе постојано ја имаше предноста во зимскиот меч во Нашице, со разлика од дури шест гола, за на крајот да стигне до деветта победа за да се зацврсти на третото место во регионалната лига со поглед кон плеј-офот.

Хрватскиот репрезентативец Јагањац не беше во најдобра форма против Металург, постигнувајќи два гола, додека најефикасен беше Марин Јелиниќ со пет гола. Кај Металург Рибеиро имаше пет гола, додека четири додаде Анте Токиќ.

Фото: СЕХА

Scroll to Top