Полскиот Кјелце е првиот финалист во Лигата на шампионите на ЕХФ, откако со фантастичен пресврт во второто полувреме успеа да стигне до 37:35 (16:18) победа над Веспрем, не дозволувајќи му на унгарскиот клуб да се одмазди за спектакуларниот пораз во финалето на ЛШ во 2016.
Веспрем имаа фантастично прво полувреме, предводени од Петар Ненадиќ и Мануел Штрлек за на полувреме да отидат со 18:16 предност, најавувајќи одмазда за 2016, кога имаа огромна предност во првото полувреме за да загубат на пенали од полскиот клуб. Меѓутоа, одбраната на унгарскиот клуб потврди во второто полувреме, дозволувајќи Кјелце да направат највисока предност од четири гола (21:25), предност која ја заддржаа до крајот на мечот.
Аркадијуш Морито беше најдобар за Кјелце со осум гола, додека пет уфрли Игор Карачиќ, додека за Веспрем не беа доволни осумте гола на Расмус Лауге.
Тимот на Талант Душебаев во утрешното големо финале ќе се судри со подобриот од мечот помеѓу последните два европски шампиони, Барселона и Кил, кој почнува во 18 часот.