Top Sport

Ниту Вујо не е „магионичар“ – ППД Загреб останува без победа во ЛШ

ППД Загреб загуби и во четвртиот меч од ЕХФ лигата на шампионите, откако имаа сили само едно полувреме рамноправно да се спротистават на гости кај Флензбург, губејќи со 20:17 (10:10).

По поразите од ПСЖ и Алборг, и катастрофалните 19:36 дома против Барселона во првиот меч на Веселин Вујовиќ на клупата на „плинарите“ дојде тешкото гостување во Германија, каде што не можеа да очекуваат нешто повеќе.

Гостите го намачија фаворитот во првото полувреме, посебно во одбраната, но во второто полувреме со подобра игра тие направија предност која беше доволна за победа. Флензбург со победата се искачува на првото место во групата А со седум поени пред Алборг и Пари Сен-Жермен, кои имаат по шест.

Јоханес Гола беше најефикасен за бундеслигашот со пет гола,  додека четири имаше Горан Јохансен, додека во хрватскиот клуб Златко Хорват имаше постигнато пет гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А

Флензбург – ППД Загреб 20:17 (10:10)

Табела: 1.Флензбург 7, 2.Алборг 6, 3.ПСЖ 6, 4.Барселона 4, 5.Пик Сегед 3, 6.Елверум 0, 7.Целје 0, 8.ППД Загреб 0

Scroll to Top