Top Sport

Норвешка на тронот на Европа

Женската ракометна репрезентација на Норвешка ја освои европската круна откако во финалето на ЕП ја совлада Данска со 27:25. Со одична игра во второто полувреме Норвежанките надоместија три гола негатива и на крајот заслужено стигнаа до триумф. Тие ја одбранија европската титула.

Данска одлично го почна натпреварот, поведе со 6:3 и постојано беше во водство во првиот дел. Имаа и четири позитива, а одржуваа резултатска контрола се до 45.минута. Потоа Норвешка додаде гас, почна да ја топи негативата од 22:18 и успеа да израмни.

Во финишот, се разбуди Реистад, постигна два гола кога беше најпотребно и ја одведе својата селекција до нов трофеј.

Најефикасна ракометарка беше Нора Мерк со осум погодоци. Кај Данска, шест гола постигна Бургард.

Третата позиција ја освои Црна Гора откако ја совлада Франција со 27:25 во борбата за бронзениот медал.

Scroll to Top