Top Sport

Марек Хамшик во солзи се прости од дресот на Словачка

Легендарниот словачки репрезентативец Марек Хамшик, реши да стави крај на настапите во националниот тим. Тој во солзи се збогува на ремито без голови против Чиле во Братислава.

Хамшик цели 15 години беше дел од националниот тим на Словачка, со која играше на СП 2010 во Јужна Африка и на ЕВРО 2016 во Франција. Тој одигра 136 натпревари и постигна 26 гола.

Марек Хамшик сега е клупски соиграч на Енис Барди во Трабзонспор.

Scroll to Top