Норвешка се врати во игра за првите две места во групата 2 и полуфинале на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако го скршија отпорот на Германците во второто полувреме за убедлива 28:23 (14:12) победа.
Германија се оддржуваше во пристојна разлика од гол-два во текот на првото полувреме, но во второто Норвежаните ја зголемија предноста и ја оддржаа до крајот на мечот. Ерик Торстеинсен Тофт беше најефикасен за Норвешка со седум гола, а Себастијан Бартолд и Сандер Сагосен додадоа по четири, додека за Германците ниту еден ракометар немаше повеќе од три постигнати гола.
Норвежаните до крајот на групната фаза имаат тешки мечеви со Шпанија и нордиските ривали Шведска, во кои ќе се одлучува кој ќе се бори за медали. Шпанците имаат максимални 6 поени, додека Шведска и Норвешка сега имаат по 4, пред Германија и Русија со 2 поени.