Top Sport

Норвежанките ја „прегазија“ Унгарија, скандинавскиот дуел за Данска

Актуелните шампионки, Норвежанките покажаа „сила“ во последниот меч од првата фаза од Европското првенсто, совладдувајќи ја Унгарија со фантастични 32:22 за прво место во групата А, додека Данска имаше огромна предност против Шведска во скандинавското дерби, за на крајот да се помачи за 25:23 триумф.

Унгарките успеваа да се оддржат во игра во повеќе од 40 минути игра, но тогаш норвешката „машина“ почна да функционира за на крајот да стигнат до убедлива победа, нивна трета во три меча на шампионатот.

Данска, пак, откако загуби во првото коло од групата Б од домаќинот Словенија, успеа да стигне до 25:23 победа над Шведска, со што трите репрезентации (Данска, Шведска и Словенија) влегуваат во втората рунда со 2-1 скор.

ЕП РАКОМЕТ 2022
ГРУПА А
Хрватска – Швајцарија 26:26 (14:12)
Норвешка – Унгарија 32:22 (14:12)
ГРУПА Б
Словенија – Србија 27:24 (13:15)
Данска – Шведска 25:23 (13:5)

Scroll to Top