Top Sport

Објавен спискот на ракометари за Медитеранските игри 2018

Во периодот од 24.јуни до 1.јули Македонија ќе настапи на 18. Медитерански игри што годинава ќе се одржат во Тарагона, Шпанија.

Македонија на Игрите ќе биде претставувана од машката и женската ракометна репрезентација, а стручниот штаб на машката репрезентација го објави поширокиот список од 24 ракометари кои ги повика на стартот на подготовките за овој турнир. Станува збор за комбиниран состав од сениорски и младински репрезентативци, како и неколкумина помлади ракометари на кои стручниот штаб на нашата селекција ќе смета за креирање во сениорската репрезентација во иднина.

Првиот тренинг е закажан за 4.јуни со почеток во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Список на повикани ракометари:

Мартин Томовски, Никола Даниловски, Никола Митревски, Даниел Ѓоргевски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Манасков, Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски, Филип Чурлевски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Поповски, Никола Костески, Костадин Петров, Милан Лазаревски, Филип Арсеновски, Дарко Димитриевски, Жарко Пешевски, Милорад Куковски.

Ракометарите, Игрите во Тарагона ќе ги отворат на 23.јуни со натпревар против Турција, ден подоцна за противник ќе го имаат Египет, а во групната фаза ќе противник ќе им биде и селекцијата на Србија. Во периодот од 27.јуни до 1.јули ќе се игра завршната фази на турнирот.

Scroll to Top