Ивица Обрван, поранешниот македонски селектор, кој сега е на клупата на Босна и Херцеговина, вели дека Европското првенство во Унгарија и Словачка уште да почне не е регуларно поради големите проблеми кои ги имаат репрезентациите со позитивните КОВИД случаи.
Босна и Херцеговина, која е во тешка група со Шведска, Шпанија и Чешка веќе има четири позитивни, Србија подолго време се мачи со позитивните, а вестите од Хрватска велат дека Домагој Дувњак и Лука Циндриќ нема да може да го почнат шампионатот поради позитивни тестови.
„Ова лудило со секојдневно тестирање и со исчекување на резултати е неверојатно. Очекував да има ваква тешка ситуација, а зима е и не можете да бидете целосно во изолација. Дури би кажал дека ова првенство веќе е нерегуларно, не само а БиХ, туку и за Србија, Хрватска и Црна Гора. Ќе се одигра, но нема да донесе ништо добро на ракометот“, вели Хрватот во интервју за „Спортспорт.ба“.