Top Sport

Вардар се намачи, Стоилов ги „крена“ за ново финале во СЕХА-лигата

Вардар ќе игра за своја петта титула од регионалната СЕХА-лига, откако го изддржа обидот за кам-бек на домаќините Мешков Брест и со 25:23 (14:10) го совлада белорускиот тим во интересен полуфинален дуел.

Противник на „црвено-црните“ ќе биде стариот „муштерија“  ППД Загреб, клубот кого го декласираа во двомечот во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако „плинарите“ претходно со 28:23 го победија хрватскиот ривал Нексе Нашице.

Вардар направи одлична предност од четири гола (14:10) на полувреме и изгледаше дека ќе се „прошета“ до победата, но Мешков, предводен од бучната публика успеа да се врати и на 15 минути пред крајот да поведе (18:19). Сепак, силата на Вардар се покажа во клучните моменти и Стојанче Стоилов со два гола и Карачиќ и Шишкарев со по еден гол ја вратија предноста за победа.

Капитенот Стоилов брилјираше со седум голови, пет додаде Криштопанс, а по три имаа Карачиќ и Чупиќ.

Финалето е на програма веќе утре, а „црвено-црните“ се големи фаворити за трета титула во низа.

Фото: СЕХА-лига

Scroll to Top