Top Sport

Пелистер го намачи Кил

Пелистер не успеа да направи изненадување прптив еден од најсилните клубови во Европа, Кил. Во третото коло, Кил победи во Битола со 23:20 (11:9).

Пелистер го одигра најдобриот натпревар во досегашниот тек од Лигата на шампионите. 60 минути Битолчани го мачеа Кил, но нивната добра игра, пред се во одбраната на крајот не беше наградена барем со еден бод.

Пелистер во текот на целиот меч имаше активен резултат, предноста на Кил одеше од еден до три гола, а последната шанса зелените ја испуштија во финишот кога лесно продадоа две топки.

одигра одличен натпревар против Кил, беше изедначен, се закануваше дека ќе приреди изненадување, но Кил победи со 23:20 (11:9).

Најефикасни во тимот на Пелистер беа Радивојевиќ со пет гола, Цехте со четири, Пешевски со три гола. Екберг и Елефсен постигнаа по пет гола и доминираа во купот на Кил.

„Се покажавме во добро светло и тоа против, според мене, најдобриот тим во Европа. Париравме во текот на сите 60 минути, иамвме шанса за бод или победа, но не успеавме. Кил го казни нашето неискуство. Имавме промашени зицери и технички грешки во финишот и тоа ѕвездиете на Кил го казнија. Овој натпревар ќе ја подигне нашата самодоверба“, рече тренерот на Пелистер, Александар Јовиќ.

Foto/ rkeurofarmpelister.com

Scroll to Top