Еурофарм Пелистер пружи фантастичен отпор на големиот фаворит, но на крајот загуби со 25:23 (13:12) на гостувањето кај францускиот Ним во седмото коло на Европската лига на ЕХФ.
Ним го заддржува првото место во групата Д со 11 поени, пред Пелистер со 8 и Спортинг Лисабон со 7 поени, иако португалскиот клуб има натпревар помалку. Ова беше прв пораз на тимот на Жељко Бабиќ по четири месеци.
Елмир Граѓан постигна 7 гола за македонскиот клуб, додека Табоада заврши со 5, додека кај францускиот клуб Мохамед Хишам беше најрасположен за игра со 10 гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер