РК Еурофарм Пелистер се пофали со потписот на алжирскиот голман Калифа Гедбан, на македонската јавност познат како поранешен голман на лутиот ривал Вардар.
26-годишниот Гедбан последните две сезони играше во Динамо Букурешт, клуб кој нaстапувааше во Лигата на шампиони, и претставува шесто засилување за Пелистер по Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски.
„Ни претставува задоволство што во нашиот тим во иднина ќе настапува уште еден европски шамшион. Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедбан е нов голман на Еурофарм Пелистер!
26-годишниот голман на алжирската репрезентација доаѓа како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт. Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една. Калифа ќе им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција во нашиот клуб.
Гедбан е висок 200 сантиметри, а тежок 110 килограми и веќе пет сезони е дел од европскиот ракомет. Две сезони мина во Вардар 1961 и стана шампион на Европа. По добрите настапи во Македонија се пресели во култниот шпански клуб Адемар Леон, а неговите добри настапи му донесоа трансфер во Динамо Букурешт. Во последните две сезони со успех го носеше дресот на романскиот гигант.
Калифа Гедбан деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе му се приклучи на екипата на подготовките во Маврово. Неговото официјално претставување е предвидено на почетокот од месец август. Алжирскиот голман е шесто засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона по Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски“, се вели во објвата на Пелистер.