Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски потврди дека се наоѓа во одлична форма во пресрет на баражот со Романија откако пикерот одличен меч за Штутгарт против Магдебург. Штутгарт достојно му се спротивстави на големиот фаворит, иако на јкрајот загуби со 27:30.
Македонецот имаше одлична реализација од шесте метри, постигнувајќи пет погодоци од вкупно шест обиди кон противничкиот гол.
Вецлар на Филип Миркуловски претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Лемго (29:27). Миркуловски не се запиша меѓу стрелците.