Top Sport

Пикерот на Вардар успешно опериран: Ќе се вратам уште посилен! (фото)

Пикерот на ракометниот клуб Вардар, Бразилецот Рожерио Мораес вчера беше успешно опериран, му беше отстранет проблемот со коленото (интервенција на рскавицата) кој го мачеше подолг период.

Мораес денеска на Инстаграм сподели фотографија од него, со докторскиот тим околу него, па порача дека наскоро ќе се врати уште посилен, по операцијата.

Првичните прогнози се дека рехабилитацијата ќе трае околу 8 седмици.

Ракометните вљубеници во земјава очекуваат Рожерио да биде целосно закрепнат за пролетниот дел од сезоната во СЕХА и во Лигата на шампиони.

https://www.instagram.com/p/BqIIU2pA_Kp/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top