Top Sport

Поднесено обвинение за убиство на ракометарот Денис Тот

Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски се гонат за убиството на хратскиот ракометар.

Обвинителството поднесе обвинение до Kривичниот суд, по затворање на истражната постапка.

„Обвинетите на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.

Побарано е продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.

„Сè уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата“, велат од Обвинителството.

Scroll to Top