Top Sport

Полски голман од наредната сезона ќе го брани голот на Вардар

Ракометниот клуб Вардар го договори второто засилување за наредната сезона.

Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валац кој се согласи на верност на клубот до 2027 година. Доаѓа како играч на Кјелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот.

Овој 24 годишен ракометар лани се врати во Кјелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Сега покрај себе како клупски колеги ги има Адам , Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ.

На последниот меч од ЕХФ лигата на шампионите меѓи Кјелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани.

Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валац е второто засилување за екипата за следната сезона.

Scroll to Top