Top Sport

Поранешниот шведски репрезентативец Ларсон загина во собраќајна несреќа

Поранешниот шведски ракометен репрезентативец, 36-годишниот Фредрик Ларсон загинал во сообраќајна несреќа во неговата татковина, откако додека возел велосипед бил удрен од камион.

Ларсон во кариерата играше за неколку шведски клубови пред во 2009 година да се пресели во Арагон, а потоа од 2012 до 2014 година играше за германскиот Гумерзбах, пред во 2016 година да стави крај на кариерата.

„Чувствуваме огромна болка и тага и нашите мисли се сонеговото семејство и пријатели“, се вели во соопштението на шведската ракометна репрезентација, за која тој одигра 34 натпревари.

Ларсон зад себе остава сопруга и две ќерки.

Scroll to Top