Top Sport

Лион се закани со тужба откако по 24 години не доби место во европските купови

Олимпик Лион објавија дека планираат да се жалат на одлуката за предвремен крај на француската Лига 1, бидејќи во ваква ситуација тие првпат од 1997 година нема да играат во европските купови, најавувајќи тужба за отштета до ЛФП.

По одлуката на францускиот премиер Едуар Филип дека нема да може да има фудбалски мечеви пред септември, ЛФП во четвртокот потврди дека сезоната е завршена и дека шампионатот и европските места ќе се одредат преку пресметка на поени по натпревар.

Ова значи дека Пари Сен-Жермен по деветти пат станаа француски шампиони, додека во Лигата на шампионите ќе играат Марсеј и за првпат во нивната историја, Рен. Лион пак, завршува на седмото место, што значи дека нема да играат ниту во Лига Европа, и тие се бесни што исходот се одредува со декрет. Според Лион, оваа одлука на ЛФП се коси со барањето на УЕФА да се одредува „спортската вредност“ при европските квалификации, иако им честитаа на ПСЖ за титулата.

„Владината одлука не значеше дека треба да има ваков конечен крај на Лига 1 и Лига 2, бидејќи министерката за спорт, Роксана Марасинеану претходно најави можност за играње во август ако ситуацијата го дозволи тоа. Лион бара алтернативен начин за крај на шампионатот за да се заддржи духот на фер-плеј. Клубовите го поддржаа предлогот за плејоф и плејдаун, титула за ПСЖ и календар намален на три недели. По овој декрет, ние го заддржуваме правото да се жалиме и да бареме отштета која ќе вреди десетина милиони евра. Олимпик Лион им честита на шампионите, ПСЖ за Лига 1 и Лориен за Лига 2“, се вели во соопштението на Лион.

ПСЖ се шампиони на Франција

Scroll to Top