Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското првенство во Египет, завршувајќи го натпреварувањето со 30:26 (14:14) пораз од Белорусија.
Откако во првото полувреме игравме гол-за-гол, и имавме водство од максимални два гола разлика, стартот на второто полувреме беше лош за тимот на Данило Брестовац, откако Белорусите направија низа од 4:0 од 20:20 за да го одлучат мечот, бидејќи потоа немавме сили за камбек.
Кирил Лазаров заврши со седум гола, по четири имаа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, додека за Белорусите, Владислав Кулеш имаше седум гола.
Со ова се комплетира разочарувачкиот настап на Мундијалот во Египет, на кој отидовме без вистински подготовки, како замена во последен момент за Чешка, која се повлече од турнирот. Сега, претстојува анализа на сработеното и секако, потребна е визија како да се оди напред во машката репрезентација.