Во преполната „Драгао арена“, Порто и Барселона одиграа епски меч во дербито на 6. коло на ЕХФ Лигата на шампионите, во која домашниот тим покажа дека може да се „носи“ со сите европски великани, откако им избега победата при трилер 33:33 ремито со актуелниот европски шампион.
Првото полувреме беше фантастично за тимот на Никола Митревски, откако домаќините започнаа со 3:0 водство и на полувреме отидоа со 17:14 предност. Стартот на второто полувреме беше уште поспектакуларен откако Порто стигна до седум гола предност (22:15), но тогаш следуваше камбекот на каталонскиот гигант. Тие успеаја да израмнат на 27:27 на осум минути пред крајот на мечот, а потоа и да поведат со 30:31, пред во трилер завршница, Порто да не го искористи последниот напад за 33:33 реми.
Иван Слишковиќ со 7 гола и Антонио Ареја со 6 беа најефикасни за Порто, додека Алеш Гомез заврши со 11 гола за Барселона.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА Б
Флензбург – Мотор Запорожје 34:27 (13:11)
Порто – Барселона 33:33 (17:14)