Организаторите на традиционалниот ракометен турнир во Струга ги одредија групите за годинашното издание.
Алкалоид и Вардар нема да бидат во иста група и ќе се одминат во прелиминарната фаза од натпреварувањето.
РК Алкалоид е во групата А, заедно со екипите на АЕК Атина и на Динамо Панчево, додека РК Вардар 1961 е во групата Б и ќе игра против домаќинот Струга односно ГУИФ од Шведска.
Ракометниот турнир во Струга ќе се одигра од 16. до 19. август.