Top Sport

Познати термините на настапите на Вардар во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите ги одреди термините на првите 10 кола од групната фаза на Лигата на шампионите, по што фановите на РК Вардар ќе можат да почнат да ги планираат своите активности.

Своите натпревари на домашен терен во СЦ „Јане Сандански” екипата на Вардар 1961 ќе ги игра во термин од 20,45 часот, со исклучок на дуелот со Кјелце на 19 ноември што ќе се игра од 18,45 часот. Во тој термин ќе гостуваме и во Унгарија кај ПИК Сегед во рамките од 3 коло на 1 октомври.

Вардар е во група со: ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Флензбург.

ВАРДАР ВО ЛШ

1 коло – 16 септември
Мешков Брест – Вардар 1961 18,45 ч.

2 коло – 24 септември
Вардар 1961 – Елверум 20,45 ч.

3 коло – 1 октомври
ПИК Сегед – Вардар 1961 18,45 ч.

4 коло – 15 октомври
Вардар 1961 – Флензбург 20,45 ч.

5 коло – 22 октомври
Вардар 1961 – Порто 20,45 ч.

6 коло – 29 октомври
ПСЖ – Вардар 1961 20,45 ч.

7 коло – 19 ноември
Вардар 1961 – Кјелце 18,45 ч.

8 коло – 25/26 ноември
Кјелце – Вардар 1961

9 коло – 3 декември
Порто – Вардар 1961 20,45 ч.

10 коло – 10 декември
Вардар 1961 – ПСЖ 20,45 ч.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top