Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, имаше брилијантно деби во Лигата на шампионите. Вардар, во саботата, победи во домот на европскиот првак Монпелје 27:24, а Милосављев со 15 интервенции беше еден од јунаците на триумфот.
ЕХФ ја забележа одличната партија на 23-годишниот српски голман и во својот избор на најдобрите му додели место во идеалниот тим.
Покрај Милосављев место во тимот на колото има и за двајца играчи на Рајн Некар, Јаник Колбахер (пикер) и Валур Сигурдсон (лево крило), односно за левиот бек на Кокс, Нико Ронберг, десниот бек на Кјелце Алекс Душебаев, средниот бек на Мешков Брест Сандро Обрановиќ и десното крило на Барселона Алеиш Гомез.
Идеалниот тим на првото коло може да го погледнете тука.
Вардаровиот голман исто така ја има и најдобрата одбрана во првото коло.
Петте најдобри одбрани може да ги погледнете тука.