И покрај одличната форма на Никлас Ландин на голот, грешките кои ги направија Кил во второто полувреме скапо ги чинеа, и Пари Сен-Жермен стигна до гостинска 27:31 (12:13) победа во првиот меч од четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампиони.
Резултатот го прави францускиот клуб како голем фаворит во борбата за пласман на фајнал-фор турнирот, бидејќи Кил во последните десет сезони не успеал да го победи ПСЖ со 4 гола разлика ниту на домашен терен.
Сандер Сагосен беше прва ѕвезда на домаќините со девет гола од 15 обиди, додека за ПСЖ, Даиниш Криштопанс, Феран Соле и Елохим Пранди постигнаа по шест гола.