Српскиот репрезентативец, Богдан Радивојевиќ ги засили редовите на Еурофарм Пелистер. Радивојевиќ во Битола пристигна од унгарскиот ПИК Сегед.
Десното крило со македонскиот шампион потпиша едно годишен договор. Радивојевиќ е искусен играч, кој во последните 13 години е редовен учесник во Лигата на шампионите. Во елитното натпреварување има една титула, со тимот на Фленсбург во 2014 година.
Во кариерата играл за Партизан и Рајн Некар Левен.
Радивојевиќ за Пелистер ќе дебитира на турнирот во Сакарија.