Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе ги дознае противниците во првата фаза на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска од 10 до 26 јануари 2020 година.
Македонија во конкуренција на Исланд, Грција и Турција го освои првото место во Групата 3, противниците на ждрепката ќе ги чека од вториот шешир. Инаку Македонија шести пат ќе учествува на европско првенство, а од 2012 година нема пропуштено ниту едно континентално првенство.
Во првата фаза Македонија нема да може да игра против Норвешка, Данска, Словенија, Чешка и Русија.
Носители на ждрепката ќе бидат: Шпанија, Шведска, Хрватска, Унгарија, Германија и Франција.
Во третиот шешир се Австрија, Португалија, Белорусија, Исланд, Литванија и Црна Гора, а во четвртиот се Босна и Херцеговина, Швајцарија, Полска, Србија, Холандија и Украина.
На ова ЕП пласман изборија сите држви што некогаш беа во состав на Југославија, па не е исклучена можноста ждрепката да одреди „југословенска група“.
Исвлекувањето на групите за ЕП во ракомет ќе се одржи во Виена со почеток во 18.45 часот.