Top Sport

Ракометарите поразени во борбата за бронзата на МИ

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да освои медал на Медитеранските игри. Откако вчера го загубија полуфиналето од Египет, денес македонските ракометари, во борбата за бронзениот медал загубија од Србија со 29:34 (13:15).

Подмладената репрезентација на Македонија испушти шанса да го освои бронзениот медал.

Србите првиот дел го завршија со предност од два гола, откако Македонија во еден период не успеа да постигне гол кога имаше двајца играчи повеќе на теренот.

Во второто полувреме Србите стигнаа до максимална предност од три гола во 51.минута, Македонија потоа со серија од три гола се доближи на 26:30, но Србите го одбија тој налет и на крајот запишаа победа.

Костадин Петров со пет гола беше најефикасен во редовите на македонската репрезентација.

За златниот медал на Медитеранските игри ќе се борат Египет и Шпанија, натпреварот ќе започне во 17.30 часот.

Фото/ facebook.com/rfmofficial

Scroll to Top