Top Sport

Бускетс ја игра последната сезона во Барселона

Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб следното лето. Бускетс од академијата на Барселона влезе во првиот тим, во 2008 година. Со Барселона ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал.

33-годишниот фудбалер повеќе од десет години е стандарден член на средниот ред на Барселона, а со Каталонците има договор до крајот на следната сезона.

Барселона му понуди нов договор на Бускетс, но како што стојат работите тој нема да го прифати бидејќи негова цел е следното лето да го напушти овој клуб и да се испроба во американската МЛС.

„Мундо Депортиво“, објави дека Бускетс веќе одлучил дека ова ќе му биде последна сезона во дресот на Барселона и дека следната година ќе отпатува за САД.

Како што пишува овој медиум, се очекува Бускет да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, а наводно веќе се договорил со клубот предводен од Давид Бечкам.

Се очекува Бускетс да потпише договор за соработка со Интер до крајот на 2025 година.

Scroll to Top