Иако никој не очекуваше дека ќе се работи за лесен меч, македонската ракометна репрезентација се намачи пред да стигне до 26:25 (11:13) победа над Турција во квалификациски меч за Европското првенство во 2020 година, откако Никола Митревски со одбрана во последната секунда во мечот го спаси триумфот и осигура по петти пат Македонија да се пласира на континенталниот шампионат.
Нашата репрезентација имаше добар старт на мечот за да стигне до максимална предност од четири гола (3:7 и 4:8), меѓутоа, Турците успеаја да направат пресврт и да дојдат до 13:11 водство во првите 30 минути. Предноста на домашен терен во Ексишехир го направи своето и Турците водеа во првата половина на второто полувреме, пред на крајот сепак, нашиот квалитет да го направи своето и предводени од Талески да стигнеме и до два гола предност пред драматичниот финиш на мечот.
Со оваа победа, Македонија останува на првото место во групата 3, со 3 победи, едно реми и еден пораз, пред домашниот меч со Грција, каде што треба сигурно да се одмаздиме за незгодниот пораз на гостувањето во Кожани и да ги комплетираме квалификациите за подобри шанси на ждрепката за континенталниот шампионат.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
Турција – Македонија 25:26 (13:11)
Грција – Исланд
Табела: 1.Македонија 7, 2.Исланд 5, 3.Турција 4, 4.Грција 2
Фото: РФМ
Close but no cigar for Turkey tonight. North Macedonia is ready for #EHFEURO2020. pic.twitter.com/ARuvwvGY2C
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) June 12, 2019