Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, уште еднаш го скрати списокот на играчи за Светското првенство во Данска и Германија.
Шпанскиот тренер им се заблагодари на двајца играчи Ласко Андоновски и Томислав Јагуриновски.
Конечниот список Раул Гонзалес треба да го објави по контролните натпревари со Србија, на 4. и 5. јануари во Скопје.
Македонија на СП ќе се натпреварува со Јапонија, Хрватска, Шпанија, Бахреин и Исланд.